Бивши фудбалер на Јувентус е осуден на шест години затвор за силување

Поранешниот италијански фудбалер Маноло Портанова е осуден на шест години затвор за силување. Судот во Сиена донесе пресуда, со која беа осудени уште тројца други мажи. Се смета дека тие исто така учествувале во силувањето кое се случило во мај минатата година во куќата на Маноло.

Има право на жалба и рече дека ќе го искористи. По пресудата рече дека ќе се жали на одлуката затоа што не е виновен. Медиумите пренесоа дека со овој случај неговата кариера заврши, останува само да се види дали неговиот апел ќе даде плод или ќе мора да се прости од фудбалот.

Маноло со години важеше за еден од најталентираните фудбалери во земјата. Почна во академијата на Лацио, а потоа се пресели во Јувентус. Ги мина селекциите во тимот од Торино, играше за резервната екипа и забележа четири настапи во првиот тим.

Во јануари 2021 година се пресели во Џенова за 10 милиони евра, со дополнителни пет, ако ги оствари клаузулите во договорот. Беше и репрезентативец на Италија во младите категории. Дебитираше за националниот тим до 17 години, а за младинската репрезентација настапи 41 пат.

Сезонава во дресот на Џенова играше 12 натпревари во Серија Б и уште два во Купот на Италија. Постигна еден погодок и две асистенции.

 

 

 

Scroll to Top