Бивши НБА-кошаркар претепа порноглумица

Некогашниот кошаркар на Минесота, Брин Форбс, е уапсен синоќа во Сан Антонио откако ја претепал својата девојка и порно глумица, Елса Џин. Форбс кој во моментов не игра за ниту еден клуб, се скарал со Џин по едно ноќно излегување. На пат кон дома почнал да ја удира, по што Џин заврши во болница.

Според американските медиуми, Џин сакала да го остави, затоа што останал без клуб.

„Нема клуб, а сега остана и без девојка му. Џен беше потресена и одлучи да го остави за тоа што ѝ го направи“, рече извор близок до кошаркарот.

Последен клуб во кој настапи е Минесота, а оттаму го отпуштија пред неколку дена. За потсетување, кариерата ја почна во 2016 година во Сан Антонио Спарс.

Таму остана четири сезони и имаше добри игри. Потоа се пресели во Милвоки со кои стана шампион во сезоната 2020 и 2021 година. Постигна 10 поени во просек. Потоа играше за Спарс, а еден дел од сезоната ја мина во Денвер. За Минесота потпиша минатото лето.

 

Scroll to Top