Бивши вработени го обвинија светскиот готвач Салт Бае дека им се заканувал и им го крадел бакшишот

Познатиот светски готвач Нусрет Гокче, познат и како Салт Бае им се заканувал на вработените во неговиот ресторан и им го крадел бакшишот. Тие го обвинија и го нарекоа мал тиранин.

Велат дека бил гладен за слава. Бае стана познат по неговото интернет меме во јануари 2017 година и стана познат по специјалитетите од злато од 1.500 евра. Сега неговите бивши вработени го обвинија дека им го земал бакшишот и им се заканувал со откази.

Досега против него се покренати седум тужби во два града. Покрај тоа што го обвинија дека им го крадел бакшишот, Бае е тужен и за полова и расна дискриминација и кршење на законот за вработување. Кривичниот суд во Турција го казнил и откако на еден од келнерите му се заканил со убиство.

Девет од неговите поранешни вработени за „Инсајдер“ јавно проговорија за ужасот кој го доживеале во неговите ресторани. Турскиот месар има богатство од 40 милиони фунти, а поседува и 22 месари ширум светот. 

„Царството на Салт Бае изгледа злато однадвор, но внатре е ужас“, рече поранешниот бармен Нуср-Ет во Лондон. Еден менаџер којшто работел со него во Њујорк и Мајами рече дека на Салт Бае му удрила славата во глава и дека затоа така се однесувал.

„Неговиот свет не беше ништо друго освен „Инстаграм“ и слава. Сè му беше сензација и на крајот доби комплекси поради тоа“, додаде тој, а други поранешни вработени во Миконос го споредиле со диктатор.

Бармен во Лондон ситуацијата ја споредил со филмот „Игра на гладните“ велејќи дека вработените никогаш не знаеле дали ќе добијат отказ пред крајот на смената. Домаќинка во истиот ресторан ја опишала бедата на вработените кои постојано биле во страв поради наводен отказ.

„Не знаеш дали те гледа и дали ќе ти даде отказ“, рече таа и објасни дека очилата за сонце му биле заштитен знак.

„Многу е непријатно да се биде во негова близина“, додаде таа и додаде дека нејзина колешка добила отказ на лице место откако случајно скршила чаша пред него. Друг келнер не бил примен затоа што не му се допаднала неговата кошула.

„Доколку нешто не му се допаѓа, нема отказен рок, ништо. Ти вели одма да си одиш“, рече таа.

Бае бил бесен кога во ресторанот немало резервации, па во една прилика им наредил на вработените да глумат гости кои чекаат на ред надвор пред ресторанот. Бивши вработени во Миконос и Дубаи тврдат дека од вработените барал да го масираат.

Во тужбата од август 2021 година која ја поднеле пет произведувачи на месо, пишувало дека Бае имал агресивен стил на управување. Често ги пцуел и ги обвинувал за грешки. Пет мажи биле доведени од Истанбул за да готват во Менхетен, но кога стигнале ги терал да ги чистат тоалетите.

Исто така не им била платена прекувремената работа. Неговиот адвокат рече дека случајот завршил со спогодба. Во друга тужба во Њујорк во ноември 2021 година, барменката Елизабет Круз рече дека била понижена кога ѝ наредил уште првиот ден да се пресоблече во кратко здолниште и високи потпетици.

Ја натерал и да го разголи горниот дел. Латино келнерот Анџело Махер во својата тужба рече дека Бае го нарекувал шпанска кучка, а месниот ресторан во Њујорк го опишал како место за физичко заплашување и дискриминација на вработените кои не се Турци.

Исто така тврдел дека бил натеран да ги лаже купувачите дека месото што се јаде во исламот било дозволено. Тужбите се во тек, а доколку биде обвинет, Бае ќе мора да плати 230.000 долари казна.

Scroll to Top