Младиот актер Бранко Атанасов оваа година е добитник на наградата за најдобра споредна улога во улогата на Саломе од претставата ,,Кафез кај кокони” на Драмски театар – Скопје, на 26. по ред Меѓународен Театарски Фестивал „Денови на комедијата 2023“ кој се одржа во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.
Атанасов има улога и во хит комедијата „Обвинителка“ каде сцената ја дели заедно со југословенската ѕвезда Лидија Вуќичевиќ, како и со Магдалена Ризова – Черних и Сашо Ристовски.
Овој период е и на турнеја низ нашата земја со детската претстава ,,Разгалениот принц” каде измамува насмевки со најискрената и најдобра публика – децата.
Бранко Атанасов има улога и во романтичната комедија „Ожени ме“, дуодрама со која минатата година освои награда на Интернационалниот фестивал на дуодрама ,,Бранко Ѓорчев” за најдобар актерски пар.
Наградата за најдобра актерка ја доби Наталија Теодосиева за улогата во „Илуминати“ на Театар Комедија од Скопје, а актер – Александар Степанулески – за „Кафез кај кокони“, на Драмски.