Бразилска мис почина за време на операција на крајниците

Поранешната мис на Бразил, Глиси Кореја, починала на 27 години по операција на крајниците. Таа починала поради големото крвавење и срцевиот удар што го доживеала за време на рутинската интервенција, пишува „Дејли мејл“. Глиси починала во понеделникот во приватна клиника.

Роднинтие веруваат дека причина за нејзината смрт е лекарска грешка.

„Господ го избра овој ден да ја однесе нашата принцеза. Знаеме дека многу ќе ни недостига, но сега со нејзината насмевка ќе го сјае небото“, рече свештеникот Џек Абре, кој го познавал нејзиното семејство.

За потсетување, Глиси ја освои круната мис Бразил во 2018 година.

Scroll to Top