Бразилска водителка фанови ја критикуваат поради несодветната облека додека информирала за мундијалот

By

Бразилската водителка и актерка Дебора Секо, предизвика коментари во јавноста, поради тоа како била облечека за време на емисија за Светското првенство.

dobivaj vesti na viber

На многумина не им се допаднал послободниот избор на облека на водителката, па по завршувањето на програмата која се емитувала во живо, на социјалните мрежи биле напишани недолични коментари и негативни кртитики.

„Дали е модна ревија или Светско првенство?“, е еден од коментарите други коментираат дека иако им се допаѓа водителката, облеката на Нена е многу несоодветна за спортски настан што се одржува во Катар.

„Вие сте прекрасни, без сомнение, но мораме да имаме почит и да се облечеме соодветно за спортски настан. Уште повеќе кога настанот е во Катар“, „Дали сте запознаени со таа култура? – Тоа е сосема поинакво од она што сте го носеле досега“, се некои од коментарите.

Водителката им одговори на нејзините следачи додека известуваше од Светското првенство во Катар, и на Инстаграм напиш: „Не ми е гајле – јас сум тоа што сум“.

Водителката го следеше Светското првенство на бразилскиот канал SporTV во програмата „Tá na Copa“ во Бразил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deborah Secco (@dedesecco)

Ќе ви се допадне