Катиција Лие Хошино Барос и Пауло Габриел да Силва Барос од Бразил се најнискиот пар во светот. Тие се во брак шест години, а влегоа и во Гинисови рекорди како најниска двојка на светот.
Заедно тие се високи нешто помалку од два метри (1,91 метри). Се запознале преку социјалните мрежи, а Пауло рекол дека тоа е љубов на прв поглед. Својот живот го споделуваат на социјалните мрежи и признаваат дека не им е секогаш сè едноставно.
„Кога зборуваме за инклузија, најчесто мислиме на параплегија или слични попречености. Раст на џуџе речиси никогаш не се споменува. Затоа практично нема помали банкарски шалтери, адаптирани тоалети и слично“, изјавил Пауло.
View this post on Instagram
Едно видео го прикажува Пол во супермаркет и како не може да дојде до производи кои се високо на полицата. Тој додава дека добиваат и многу позитивни коментари.
„Различноста мора да се прифати. Многу луѓе ни испраќаат пораки за да донесеме радост“, изјавил Пауло, кој е професионален готвач.
Кога првпат се сретнаа, Катиција била изнервирана и мислела дека Пауло е здодевен. Таа дури го блокирала на социјалната мрежа година и пол. Тие се венчале во 2016 година, и се уште немаат деца.
View this post on Instagram
View this post on Instagram