Британец сам си вшприцува филери откога салоните за убавина го одбиле

Алан Џексон (27) е готвач од Велика Британија, кој од својата 20-та година вбризгува филери во устата. Тој проценува дека само во нив има околу 30 мл филери. Откако станал зависен од популарните козметички третмани, само неколку салони за убавина се согласиле да му стават филери, па дури и тогаш побарале од него да потпише документ со кој се откажува од секое право да тужи доколку нешто не е во ред, односно ако му пукнат усните.

Поради оваа причина, Алан ги презел работите во свои раце и потрошил 13.150 евра на курс за да научи како самиот да инјектира филери.

„Свесен сум дека тоа е зависност, но по ставањето филери се чувствувам многу подобро во мојата кожа“, изјавил Алан.

Со оглед на тоа дека на секои шест недели вбризгува нови филер, тоа довело до деформација на лицето, но и на кожата која повеќе не му е еластична како порано.

„Постои ризик усните да ви пукнат, а образите да ја истегнат кожата. Ако дозволам филерите да се разградат, ќе морам да одам на затегнување на лицето, бидејќи образите се растегнати“, објаснува Алан и додава дека кога бара салон кој ќе му вбризга нови филери во усните, обично никој не сака да го направи тоа, и покрај тоа што е подготвен да ги потпише сите потребни документи во кои изјавува дека нема да тужи ги ако му пукнат усните.

„Сега можам сам да вбризгувам филери на секои шест недели или кога сакам“, изјавил готвачот за британски „Сан“ и открил дека би сакал да има уште некои корекции.

Освен што сака да ги избели забите, Алан би сакал да си дозволи и бразилско подигнување на задникот.




		
		
			
Scroll to Top