Британец починал од труење со алкохол откако за 90 минути испил 22 пијалоци во полски стриптиз клуб. Триесет и гдошниот маж во стриптиз барот Wild Night во Краков дошол со пријател.
Иако не сакал да пие, инспекторите по објавените резултати рекле дека конзумирал дваесетина пијалоци пред да колабира, а потоа починал. Откако колабирал персоналот во клубот го ограбил и му ги земале 2.200 полски злоти околу 475 евра кои ги имал во кеш.
Засега неговиот идентитет не е познат, а познато е дека во Полска дошол како турист кај свој пријател. Полските медиуми објавија дека починал минатиот месец, а полицијата обвинила 58 лица кои како што ги нарекле биле дел од организирана криминална група која го намамила во клубот, а потоа го ограбила.
Во серија рации во ноќни клубови, полицијата уапси осомничени и заплени електронски уреди, компјутери, готовина и телефони. Истражното биро на полската централна полиција (ЦБСП) во соопштение соопшти дека поднело над 700 кривични пријави против групата.