Британец се отрул во стриптиз бар, колабирал откако испил 22 пијалоци за 90 минути

Британец починал од труење со алкохол откако за 90 минути испил 22 пијалоци во полски стриптиз клуб. Триесет и гдошниот маж во стриптиз барот Wild Night во Краков дошол со пријател.

Иако не сакал да пие, инспекторите по објавените резултати рекле дека конзумирал дваесетина пијалоци пред да колабира, а потоа починал. Откако колабирал персоналот во клубот го ограбил и му ги земале 2.200 полски злоти околу 475 евра кои ги имал во кеш.

Засега неговиот идентитет не е познат, а познато е дека во Полска дошол како турист кај свој пријател. Полските медиуми објавија дека починал минатиот месец, а полицијата обвинила 58 лица кои како што ги нарекле биле дел од организирана криминална група која го намамила во клубот, а потоа го ограбила.

Во серија рации во ноќни клубови, полицијата уапси осомничени и заплени електронски уреди, компјутери, готовина и телефони. Истражното биро на полската централна полиција (ЦБСП) во соопштение соопшти дека поднело над 700 кривични пријави против групата.

Scroll to Top