Според „Европската најдобра дестинација“, најпосетуваната туристичка локација во Европа, која соработува со над 300 туристички организации, е Будимпешта. Овој град ја презеде титулата за најдобра божиќна дестинација во Европа во 2022 година.
Главната причина поради која оваа награда отиде во Будимпешта е Божиќниот пазар, кој веќе е отворен од 18 месецов и ќе трае до 1 јануари 2023 година. Будимпешта е омилена дестинација за туристите од регионот, а особено станува магично за Нова година, кога целиот град се претвора во зимска бајка. Слоганот на овогодишниот Божиќ е „Во љубов и безбедност“ и со тој слоган се отвори божиќната прослава пред базиликата Свети Стефан.
Тоа е најпопуларниот божиќен пазар во Будимпешта, каде што повеќе од 100 претприемачи и гастрономски продавачи во традиционални куќи нудат популарни унгарски јадења, украси и ракотворби, како и бројни оригинални подароци.
Вториот божиќен пазар исто така се наоѓа во центарот на Будимпешта, на плоштадот Верешмарти. Речиси два месеца цела Будимпешта е обвиена со мирис на божиќни колачи со цимет, печени костени, штрудла од афион и варено вино.
Врв на вечерта е лајт шоуто кое секојдневно се проектира на фасадата на базиликата Свети Стефан. Годинава целиот град ќе биде украсен со над сто илјади светилки, а организаторите очекуваат голем број туристи благодарение на богатата придружна програма која вклучува бројни концерти и настапи на отворено. Ќе бидат отворени и голем број лизгалишта низ Будимпешта. Најпознатото лизгалиште е она во Варошлигет, кое се наоѓа во подножјето на големиот барокен замок Вајдахунџад, најголемиот во Европа.