Чарлс Трети ќе биде крунисан в година на мала и скромна церемонија

Британскиот крал Чарлс Трети ќе биде крунисан на 3 јуни следната година во Вестминстерската опатија, соопштија британските власти. Владините претставници за британските медиуми рекоа дека се прават планови крунисувањето да се одржи на почетокот на летото, иако сè уште се водат дискусии за тоа кои други денови ќе станат официјални празници. Бакингемската палата одби да коментира.

Крунисувањето ќе се одржи речиси 70 години од крунисувањето на кралицата Елизабета Втора, а тогаш и официјално ќе го означи почетокот на владеењето на новиот монарх.

Чарлс беше именуван за крал минатиот месец, истиот ден кога почина неговата мајка, кралицата Елизабета.

До јуни следната година, Чарлс ќе наполни 74 години, што ќе го направи најстарата личност која е крунисана во британската историја, пишува „Блумберг“.

Крунисувањето на Чарлс Трети ќе биде помало и поскромно од претходните церемонии, а ќе може да присуствуваат претставници од различни религиозни, како и општествени групи во склад со модерната британска различност.

Scroll to Top