Чарлс Трети официјално ќе биде прогласен за крал на црковна церемонија и ќе носи златна круна од 1661 година

Иако Чарлс Трети, најстариот синот на кралицата Елизабета, беше прогласен за крал на денот на нејзината смрт, тој следниот месец официјално ќе биде крунисан на голема кралска церемонија.

Според британската традиција, тој ќе биде крунисан со круната на Свети Едвард, именувана по свети Едвард Исповедник. Оваа круна традиционално се користи за крунисување на англиските монарси уште од 13 век.

Оригиналната круна била света реликвија која се чувала во Вестминстерската опатија, погребното место на Едвард, додека регалиите не биле продадени или стопени кога Парламентот ја укина монархијата во 1649 година, за време на Англиската граѓанска војна. Сегашната верзија на круната на Св. Едвард е направена за Чарлс Втори во 1661 година.

Круната има метална основа и е изработена од 22-каратно злато поделено на неколку делови, вклучувајќи лента за глава, лакови, крстови и неколку лилјани. Круната е висока околу триесет сантиметри и тежи 2,23 килограми. Круната е украсена со 444 скапоцени и полускапоцени камења, некои од нив се на круната долго време, а некои се додадени дури во 20 век. Украсена е со виолетова кадифена капа и украс со крзно од хермелин.

Поради својата тежина, обично се носи само за време на церемониите на крунисување, а се заменува со полесната царска државна круна за време на кралските настапи во следните свечени прилики.

Кога не се користи, круната на Свети Едвард е јавно изложена во Куќата на накит во Лондонската кула и е достапна за сите да ја видат.

Scroll to Top