Чаша текила на ден е тајната за долговечност на баба од Аризона која го прослави 101. роденден

Мери Флип од Аризона неодамна го прослави својот 101. роденден. Таа ги преживеала Големата економска криза и Втората светска војна, видела 18 американски претседатели и доживеала свет без телевизори и паметни телефони.

Нејзината мајка починала кога била многу мала. На 15-годишна возраст таа станала единствениот жив член на нејзиното семејство. Кога наполнила 18 години се преселила во Мексико, се омажила и живеела на ранч. Откако Мери останала бремена, таа се вратила во САД. Родила шест деца и се занимавала со уметност.

На новинарско прашање која е тајната на долгиот и среќен живот, Мери одговорила: „Текила!“.

Откако нејзината приказна стана хит на интернет, многумина се пошегуваа дека веднаш ќе го купат тој алкохолен пијалак. Дури и најстарата личност на светот, сестрата Андре од Франција, сака да ужива во капка алкохол. Таа има 118 години, а еднаш откри дека пие по една чаша вино дневно. Ова е во согласност со упатствата на Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Scroll to Top