Чешање гениталии во јавност и забрана за умирање, бизрани закони во неколку еверопски градови

Повеќето закони постојат за да ги заштитат граѓаните или нивното наследство, но некои се толку неверојатни што е тешко да се открие кои, зошто и што штитат.

Некои закони може да звучат прилично бизарно кога се извадени од контекст. Во Италија, главно поради масовниот туризам, некои работи морале да се дефинираат со закон и да се определат казни. Изненадувањето не се забраните, туку на она што ќе им текне на туристите. Па, таму морало да влезе во закон дека носењето парчиња дома од Колосеумот, капењето во венецијанските канали и вршење нужда по спомениците е казниво.

Капењето во историските фонтани на Рим и Милано, како и шетање и танцување во нив е забрането. А казните се и до 500 евра.

Сардинија мораше да ја заштити својата околина со забрана за вадење песок и казни од три илјади евра за обид за криумчарење, а тука убедливо победил брачниот пар за кој беше утврдено дека има дури 40 килограми песок во куферот.

Ако планирате да одите во Капри, заборавете на кломпите. На тој остров тие се забранети од 1960-тите, како и други гласни обувки.

Ако сте маж и сакате да носите здолништа, воздржете се од тоа во Италија за да не бидете уапсени. Веројатно нема да поминете убаво ниту во затвор така облечени.

Од 2008 година, во Италија е кривично дело фаќањето на гениталиите во јавност.

Во Ераклеа кај Венеција е забрането да се градат замоци од песок. Казните се движат од 50 до 250 евра.

Во Кампанија, во гратчето Еболи, воздржете се од романса во автомобилот. Имено, бакнувањето во возило е забрането.

Во Милано законот пропишува обврска постојано да се смееш. Исклучок се погребите и посетите во болница.

Во Новара во Пиемонт ќе го прекршите законот ако седнете на клупа после 23 часот, а сте тројца. Два е во ред.

Слично е и во Рим, каде на групи од три или повеќе лица им е забрането да пеат, танцуваат, да пијат и да јадат на улица, а казни за оваа сума до 500 евра. Затоа, ако сакате да направите нешто од тоа, поделете се во групи од двајца.

А кога градот нема гробишта, логично е да се забрани умирањето. Фалчиано дел Масико во Кампанија во 2012 година го реши тој проблем со забрана на умирање. Многу брзо граѓаните – главно постари – почнаа да го кршат тој закон.

Scroll to Top