Чудо после 54 дена: пронајдена e мајката на бебето кое беше затрупано под урнатините во Турција

Бебето кое 128 часа беше под урнатините по разорниот земјотрес во Турција, по 54 дена повторно е во прегратките на својата мајка.

Иако се зборуваше дека двомесечното бебе кое 128 часа беше под урнатините по земјотресот во Турција остана без мајка, се испостави дека жената е всушност жива и дека се лекувала во друга болница.

Детето и мајката се повторно заедно по 54 дена. Бебето беше затрупано под урнатините во провинцијата Хатај, беше извлечено од урнатините во областа Искендерун и пренесено во болница.

Вистинското име на бебето кое нема ниту четири месеци е Ветин Бегдас, а лекарите кои се грижеле за него,  два месеци, го нарекле Гизем. Бебето и семејството биле повторно споени благодарение на ДНК тестот кој ја докажал нивната поврзаност.

Scroll to Top