Да ја направиме позната сосе детето што еднаш годишно слави роденден, дека децава со дијабет слават 7-8 пати: познатите ја коментираат ситуацијата со малата Бисера

По објавата на видеото со мајка која ги брка родителите на четиригодишната Бисера додека зборуваат за живот со предизвици и проблеми на деца со дијабетес од под летниковец, затоа што славела роденден на нејзиното дете, на социјалните мрежи се коментира ситуацијата. Многумина не ја оправдаа реакцијата на мајката која ги брка родителите на Бисера и телевизиската екипа поради подготвка на роденденот за нејзиното детето, бидејќи рекацијата била сосема некоректна, крајно некултурна и безобразна затоа што зборуваат за сериозна тема.

„Не знам зошто и е цензурирана олош фацата на онаа гуска без осет што брка тв екипа додека се мести за роденден на детето, додека дете со дијабет седи под сенка заедно со екипата, при тоа колку трае едно интервју и како тоа летниковец е резервиран за роденден. Дај да ја видиме со фаца, да ја напраиме славна сосе детето еднаш годишно што слави роденден, дека иначе децава со дијабет слават 7-8 пати. Клети несреќни г****, ќе се удавите у сопственот лошотилак. Да ви е живо и здраво детето и имајте пуно среќа, пошо ќе ви треба“, напиша Миа Костова како реакција на ситуацијата.
„Телевизиска екипа снима прилог за проблемите на децата со дијабет. Одбрале да снимаат во парк во еден летниковец, интервјуираат родители на детенце со дијабет, тежок и тажен муабет. Одеднаш доаѓа некоја госпожа што решила да слави роденден на летниковецот кој е на сите нас и ги брка луѓево, она имала резервирано. Не знам каде се резервира летниковец за прослави, најверојатно никаде. Видно вознемирена ко да и дошле дома, им се дере што они уште седат, а она има тука за спремање. Овие културни и со една тага станаа и си отидоа, не се спуштија на нејзино ниво. Како вака дозволивме да згазат простаците? Мене у полициски билтен ќе ме имаше денес“, напиша Ина Многуфина.
„Ајде да ја направиме славна госпоѓата која го резервирала летниковецот и буквално ги избрка луѓето сред интервју. Пратете фотка ако некој ја препознае дотичната, не за друго туку да и пратиме поклон за роденденот зошто еднаш во годината се славело роденден“, напиша Панчо од ДНК.

Scroll to Top