Дабарот Фил од Пенсилванија десетта година по ред предвиде уште колку долго ќе трае зимата

Дабар од Пенсилванија предвидува дека зимата ќе трае уште шест недели.  Секоја година на Денот на дабарот, 2 февруари, луѓето чекаат глодарот да предвиди колку време ќе трае зимата.

Овој пат тоа го предвиде дабарот Панксатони Фил од градот Панксатони во американската сојузна држава Пенсилванија.

Според традицијата, ако Фил ја види сопствената сенка, ќе има уште шест недели зима, ако не, пролетта ќе дојде рано.

Градот Пунксатони се наоѓа на околу 105 километри североисточно од Питсбург, а традицијата за предвидување на глодарот, потекнува од германска легенда, па така и денес секоја година се собираат илјадници луѓе во САД на Денот на дабарот.

Прогнозата на Фил со официјалните временски предвидувања во изминатите 10 години ги објавуваше Националната управа за океани и атмосфера и откри дека во просек, Фил бил во право 40 проценти во предвидувањето. Според податоците, од 1887 година Фил повеќе од 100 пати ја предвидел зимата, а 10 години не е зачуван ниту еден податок, велат организаторите на оваа традиционална манифестација.

Scroll to Top