Во центарот на Скопје османа билборд на кој со големи црвени букви на латиница пишува „Извини Мони“. Ваквиот билборд и натпис предизвика лавина коментари на социјалните мрежи, иако засега не е познато кој го поставил билбордот, нути пак е потврдена неговата автентичност.
На вакво јавно искажување љубов бевме сведоци пред многу години кога поранешниот дечко на поп пејачката Каролина Гочева , Гроздан напиша „Каролина, те сакам. Гроздан“.
Дел од коментарите се дека може Мони има женска, друг пак коментира дека колку што Каролина Гочева му се смирила тогаш на Гроздан, толку и Мони ќе му се смири на дечкото што бара прошка јавно среде Скопје. некои се шегуваат и критикуваат затоа што натписот е напишан со лош фонд и на латиница.
Нема да ти простам, ама ако сакаш да пропаднам у земја од срам, извини ми се преку билборд.
— Kobajagi (@CatCat_0606) August 23, 2022
Би и простил само ако мисе извини преку билборд
— Фритз (@brabijno) August 23, 2022
Aj mori Mony pa ti odma se ljutiš
— druže (@rmcfmk) August 23, 2022
Имаш поставено билборд за некоја?…е исто така многу ок прашање за прв дејт.
— Сушанто Рој (@shusantoroj) August 23, 2022
Извини што кошта 5.000 евра😀 pic.twitter.com/3a0BlpMX3p
— ПравНиче (@LawBoy30) August 23, 2022
Штом е извинувањето на билборд, би требало Мони да го прифати. pic.twitter.com/ziBgIx98w5
— Руи (@riste_g) August 23, 2022
Мислам дека Мони нема да му прости на Д.
— 100Marki (@100deutschemark) August 23, 2022
Му одговорила одма Мони pic.twitter.com/5vbR8MdqAP
— 100Marki (@100deutschemark) August 23, 2022
Со ваков лош фонт, па уште на латиница…дечко чао. pic.twitter.com/GglVpwUYuT
— На Његош малата (@gorskivenec) August 23, 2022
Извини дечко не читам латиница. Мони pic.twitter.com/slBqyFwvwk
— Драги Црни (@dragi_crni) August 23, 2022
А зошто сте па толку сигурни дека машко се извинва на билбордот?
Еве можи на пример Мони има женска.
— Mozzy insta? (@denko_bt) August 23, 2022