Деведесет годишен Грк ја тужи грчката железница затоа што нивата му била уништена од сударот на возови кој се случи во Темпи, несреќа во која загинаа повеќе од 50 лица. Дедото вели дека чекал род од пченица околу четири тони.
Во тужбата која ја поднел, објаснил дека за време на спаскувачката мисија и отстранувањето на возовите полето му било уништено. Сега бара отштета од 2000 евра, пренесуваат грчките медиуми.
Тужбата ја потври и заменик градоначалникот на Темпи, Јоргос Николау, кој рече дека луѓето не треба да го осудуваат старецот.
„Секако дека има право на тужба. Но, станува збор за вонредни околности, за трагедија по која мора да се направат некои работи. Во секој случај, зборот на правдата е последен“, рече Николау.