Дедо Мразовци на веспи се прошетаа низ улиците во Скопје и предпразнично делеа подароци за најмалите деца.
Седнаа и на кафе во Дебар маало и беа вистинско освежување во градот.
„Некои добри дечки на кои случајно налетав“, „Возат веспи и делат пакетчиња“ се само дел од коментарите на социјалните мрежи.
Тие деле подароци и во детскиот дом „11 Октомври“ од каде споделија фотографија.
„Облечени во Дедо Мразовци на децата од Организационата единица Водно им донираа јоргани и соковник“, велат од детскиот дом „11 Октомври“.