Дедо на 86 години собори рекорд во дигање тегови

Англичанецот Брајан Винслов на 86 години собори рекорд во дигање тегови. Винслов, познат и како најсилниот дедо на светот, постигна рекорд откако дигна 165 фунти, околу 75 килограми во своето прво дигање на првенството на Британската асоцијација во Хорнкасл.

Се обиде трипати да го собори рекордот. Прво успешно подигна 75 килгорами, потоа 77 и на крајот 78. Рече дека е тежок околу 137 фунти.

„Единствено сум разочаран што не можев да добијам трето подигање“, рече Винслов за „Мирор“.

„Не ми беше премнгу тешко, само погрешив во техниката затоа што премногу размислував за тоа што правам. Претходно по дома кревав и до 176 фунти, а пред девет години кренав 150 во вежбална“, додаде тој.

Винслоу е искусен бодибилдер кој дигал тегови речиси 60 години и ја одржувал својата физичка форма со дигање тегови шест дена неделно во својата домашна вежбална.

Рече дека е апсолутно воодушевен што го соборил светскиот рекорд.

„Секогаш е сјајно да се собори рекорд или два. Бев исцрпен одма потоа, но испив шолја чај, а откако ручав ми беше подобро“, додаде тој за „Мирор“.

BDFPA потврди дека Винслоу го држи британскиот и светски рекорд во категоријата до 60 килограми (132 фунти) за машки натпреварувачи од 85 до 89 години.

Винслоу кој е разведен, ја развил својата љубов кон дигањето тегови додека работел како закупац на плажа во 1950 година.

„Исто така сакав да изгледам добро за дамите на плажа и да ги дигнам рацете колку можам повисоко. Имав неколку незаборавни лета“, рече Винслоу и додаде дека планира да продолжи да дига тегови до 90 години.

„Јадам тестенини, свежо овошје и зеленчук и пијам многу вода“, рече тој.

Додаде и дека дигањето тегови му е од витално значење за неговиот живот.

„Знам дека не сум нормален тип на дедо, но сакам да се предизвикувам и да се туркам себе си и на крајот од денот да се натпреварувам за себе и за никој друг“, рече за „Мирор“.

„Ќе продолжам да дигам додека телото ми дозволува. Чувствувам дека сум во одлична форма“, додаде тој.

Scroll to Top