Дете настрада на градилиште кое не било обезбедено, се удавило во шахта длабока шест метри

Десетгодишно дете загина заради пропуст во безбедносните мерки на едно градилиште. Ше Рајан паднал во шахта длабока шест метри која била полна со вода. Рајан се удавил во градилиштето во Друмчепел во Глазгов. Во тие моменти бил заедно со уште неколку другари.

Обвинителот на сослушувањето објасни дека Рајан се лизнал додека се спуштал по скалите во шахтата. Другите деца веднаш го викнале татко му Грејам Патерсон кој влегол да го извади.

Полицијата која дошла на местото го виделе момчето како лежи на трева со татко му и еден од соседите покрај него. Рекоа дека шахтата била длабока 6,3 метри. Кај Рајан забележале тешки повреди на главата, телото му било ладно и дека не дишел.

Еден од полицајците се обидел да го реанимира, а потоа го однел во Кралската детска болница во Глазгов. Лекарите не успеале да направат ништо и само констатирале смрт, а причината била повреда на главата и давење. Изведувачите кои биле одговорни за градилиштето, работеле на проект за намалување на поплавите во таа област.

Во истрагата е наведено дека компанијата не извршила целосна проценка на работниот простор и дека не го обезбедила доволно иако во негова близина имало игралиште. По инцидентот се превземени мерки. Инсталирани се сензори на движење и безбедносни камери на соларен погон.

 

.

Scroll to Top