Девојка плаче на „Тик-ток“ додека раскажува за отказот од „Мета“, што ѝ го пратил Цукерберг

Марк Цукерберг, основачот на „Фејсбук“, се обрати со писмо до вработените во „Мета“ и најави 11.000 отпуштања.

Меган Ариел во видео објавено на „Тик-ток“ тврди дека таа е меѓу луѓето што добиле отказ од „Мета“. Ариел тврди дека била отпуштена преку имејл.

„Помина околу еден час откако дознав дека добив отказ од ‘Мета’. Дел сум од 11.000 вработени, кои се отпуштени. Имав претчуство дека ова ќе се случи затоа што сум била во тим за вработување и таму се направени најголеми промени“, вели Меган Ариел во видеото.

„Вчера мислев ‘што и да се случи, нека се случи’, но денес, кога го добив отказот преку имејл, станав толку емотивна и знам дека тоа е нормално. Ова беше буквално мојата работа од соништата. Бев многу горда на себе кога ја добив“, раскажа Ариел додека плачеше.

Таа се пофали дека пред „Мета“ работела за „Мајкрософт“.

„Мислам дека во ред е мојата биографија, тоа е само лошо време во економијата. Никогаш не мислев дека ќе можам да работам во ваква компанија“, вели таа.

Додала дека е свесна оти во животот ја очекуваат прекрасни работи, но поради отказот, станала многу емотивна. Таа на сите им посака многу среќа ако поминат низ истото како и таа и верува дека сите ќе ја надминат оваа ситуација.

За потсетување, „Мета“ е компанија во сопственост на „Фејсбук“. Бранот отпуштања, прв во 18-годишната историја на „Мета“, следува по илјадници отпуштања во други големи технолошки компании, вклучувајќи ги и „Твитер“, во сопственост на Илон Маск, и софтверскиот гигант „Мајкрософт“.

„Со вас споделувам информации за најтешките промени што ги направивме во историјата на ‘Мета’. Решив да го намалам нашиот тим за 13 % и да отпуштам повеќе од 11.000 наши талентирани вработени“, објави Цукерберг во писмо до вработените во „Мета“.

Scroll to Top