Девојката која ги покажа градите по победата во рингот ќе биде казнета

Американката Даниела Хемсли ќе биде казнета затоа што ги покажа градите по победата во бокс мечот. Ѕвездата на сајтот за возрасни „Онлифенс“ исто така е и суспендирана од боксерската федерација.

Иако Даниела со покажувањето на градите стана популарна кај мажите, сепак оние кои раководат со светскиот бокс, рекоа дека вакви работи во иднина не смеат да се случат.

„Се извинуваме на сите кои беа вознемирени во текот на емитувањето“, објавија од организацијата.

За потсетување, минатиот викенд Хемсли победи против Александар Данијелка од Полска, а после триумфот го соблече горниот дел и ги покажа градите пред камерата.

(Видео) Боксерка победи во рингот па ги покажа градите

 

Scroll to Top