Девојки обвинуваат дека им ставале дрога во пијачките во познат клуб во Белград

Девојки обвинуваат дека им ставале дрога во пијачките во познат клуб во Белград. Нивна пријателка побарала од неформалниот феминистички колектив „Женска солидарност“ да ја сподели веста за тоа како на девојките кои се забавувале во клубот „Бен Акиба“ им било сипано нешто во пијалоците.

Вели дека откако ги испиле пијалоците се онесвестиле.

„Здраво, се надевам дека ќе ја видите пораката и можеби ќе ми помогнете. Се работи за клубот „Бен Акиба“ и дека до сега таму се дрогирани 3 девојки за кои што дознав. Две имаа среќа нивна пријателка да ги однесе дома додека губеле свест и повраќале. Кога една од нив паднала во клубот, еден од присутните почнал да ја бакнува. Се здобила со големи модрици на нозете и не се сеќава на ништо од таа вечер. Девојките не испиле многу, бидејќи почнале да се онесвестуваат, по два пијалока. Се надевам дека поракава ќе се слушне за и другите се чуваат од ова место“, се вели во објавата.

Се огласија и од клубот. Одговорното лице Зоран Трифуновиќ, рече дека во клубот отсекогаш работеле професионалци и дека доколку дошло до било каков инцидент сите се ставени во служба на одговрните правосудни органи да го расчистат целиот случај.

„Сакам да и се обратам на јавноста во врска со пораката на социјалните мрежи во која анонимно лице бара помош за да се спречи наводно, насилно, неволно, дрогирање на млади девојки, според сознанијата на анонимниот доушник станува збор за три девојки во клубот „Бен Акиба“, каде што јас сум одговорно лице. Станува збор активен угостителски бренд во Белград веќе 22 години, во жанрот на ноќни клубови и коктел барови. Обезбедувањето не се само лиценцирани, обучени и строго одговорни луѓе за безбедност, сигурност, мир и неопходна помош, доколку се појави потреба за такво нешто, туку се грижи и за безбедноста на секој гостин и вработен за време на нивниот престој во клубот. За безбедноста, на чело со мене се задолжени уѓте десетици млади жени и мажи, домаќинки и домаќини, професионални угостители, кои клубот го сметаат за свој дом. Благодарение на нивната пожртвуваност и грижа за секој гостин во последните 10 години во Савамала, со гордост можам да кажам дека секогаш се реагирало навремено и адекватно во сите нотирани спорни ситуации. Секако, секогаш постои можност за злоупотреба. Поради гужвите и специфичните услови во ноќниот клуб се случуваат разни криминални и неморални нагони, но наше е да ги спречиме ваквите обиди и да ги откриеме виновниците, а потоа да им ги предадеме на правосудните органи. Активно се обидуваме да дојдеме до авторот на пораката, со цел да се елиминира можноста за каква било манипулација. Доколку е потребно ќе обезбедиме секаква можна помош и ќе соработуваме со органите на прогонот за да ги санкционираат ваквите одвратни аномалии во однесувањето на насилниците за кои се претпоставува дека некого повредиле, а дека никој од нас и другите гости не го забележале тоа или не нашле соодветно да реагираат. Ќе додадам дека инцидентите кои се повеќе или помалку релативно редовни според вокацијата на работното место, секогаш се проверуваат и анализираат со помош на видео и аудио безбедносна опрема што е распоредена во и околу клубот. На крај сакам да посочам дека и јас сум татко на две ќерки на 17 и 28 години и дека меѓу вработените има уште десет девојки на таа возраст и дека во нашиот редовен тим има повеќе од 10 дами кои се борат рамо до рамо со нас мажите за егзистенција која е сè, само не лесна. Безбедноста на сите посетители и вработени во клубот Бен Акиба е апсолутен приоритет. За наводниот инцидент, оваа порака ќе биде официјално проверена и предадена на адвокатот. полициските и судските органи за понатамошна обработка“, рече Трифуновиќ.

Извор: Нова.рс

Scroll to Top