Џемперот на принцезата Дајана се продава за 80.000 долари

Црвениот џемпер на принцезата Дајана ќе се најде на онлајн аукција во „Сотби“ од 31 август до 14 септември. Џемперот со овци е од модниот бренд Warm & Wonderful, а Дајана првпат го облече во 1981 година, кога го гледаше тогашниот принц Чарлс како игра поло еден месец пред венчавката.

Беше оштетен кај зглобот, па секретарот на Дајана, Оливер Еверет му пишал на коосновачот на Warm & Wonderful, Џоани Озборн да го поправи. Неколку месеци подоцна, Дајана добила нов, а Озборн во март годинава оригиналниот го најде во кутија на таван.

„Ако сте принцезата Дијана, сигурно имате пристап до многу парчиња облека“, рече Синтија Хултон, глобалниот шеф за мода во „Сотби“, за „Ројтерс“.

„Тоа што сакаше нов, а две години подоцна повторно го облече заменливиот, мислам дека кажува колку многу ѝ значеше овој џемпер“, додаде таа.

Џемперот се проценува дека вреди од 50.000 до 80.000 долари и доаѓа со двете писма на Еверет до Озборн.

Scroll to Top