Џим Кери ќе ја репризира својата позната улога на негативец

„Sonic the Hedgehog 3“ доби нов краток тизер, во кој се насетува уште една потврда дека доаѓа ликот на Shadow, а заедно со тизерот деновиве се познати уште некои одлични вести поврзани со филмот.

Она што најмногу ги воодушеви фановите е секако Џим Кери, кој реши по трет пат да се појави како доктор Роботник, иако по вториот филм Sonic изјави дека тоа му е последно појавување во таа улога.

Со оглед на тоа што крајот на вториот филм го остави отворено прашањето каде е Роботник, тој лесно ќе се воведе во приказната.

Така, Кери е последниот во низата актери кои ја репризираат својата улога од (првите два) филмови, придружувајќи им се на претходно познатите Бен Шварц (гласот на Соник), Џејмс Марсден (Том Вачовски), Тики Самптер (Меди Вачовски), Ли Мајдуб ( Агентот Стоун), Идрис Елба (гласот на Кнуклс), Колин О’Шонеси и Том Батлер (Сем Волтерс).

Меѓу новите актери од пред некој ден се избрани Кристен Ритер, Алила Браун, Џејмс Волк, Софија Пернас, Кристо Фернандез и Јорма Таконе – иако се уште не се знае во кои улоги ќе се појават. Најголемото прашање е кој ќе го позајми гласот за Shadow – гласините се на страната на Хајден Кристенсен, но нема официјална потврда.

Џеф Фаулер го режираше третиот филм Sonic, а сценариото го напишаа Пет Кејси и Џош Милер.

Scroll to Top