Џиновски хотел во форма на Месечина ќе се гради во Дубаи

Првиот ресторан во форма на Месечина ќе се отвори во Дубаи, најави компанијата со седиште во Канада која планира да изгради неколку „Мун“ ресорти.

Додека се финализираат плановите за ресортот во Дубаи, од компанијата проценуваат дела изградбата ќе трае пет години.

Ресортор со изглед на Месечината, ќе биде висока 222 метри, ќе ги содржи сите поволности кои се очекуваат од едно луксузно летувалиште. Проектот е во вредност од 5 милијарди долари и ќе вклучува искуства од типот на лунарна колонија и површината на Месечината, наменети за популаризација на вселенскиот туризам на Земјата.

Како што велат основачите на компанијата, Сандри Метјуз и Мајкл Хендерсон, кога ќе биде завршен, ресортот ќе може да прими до 10 милиони посетители годишно.

Ресортот „Мун“ ќе има ноќен клуб, ивент центар за 5.000 гости, спа-велнес центар, џез пијано бар и повеќекатен салон базиран на вонземски летала. Големиот конгресен центар е наменет за привлекување изложувачи на полето на технологијата и вселената. Исто така, ќе има 144 луксузни единици за купување во склоп на програмата за приватни резиденции. Секоја вила од 185 квадратни метри доаѓа со доживотно членство во „Мун“ и ексклузивни привилегии.

Планирани се уште четири вакви ресорти во форма на Месечина да бидат изградени во Северна Америка, Европа, северна Африка и во Азија.

Scroll to Top