На американскиот претседател Џо Бајден му е дијагностициран и отстранет рак на базалните клетки.
Биопсијата направена во февруари потврдила присуство на кацнерогено ткиво кое било целосно отстрането, објавил лекарот од Белата куќа Кевин О’Конор, пренесе Ројтерс.
„На претседателот му беше отстранета лезија на кожата од градите“, рекол лекарот на Бајден, Кевин О’Конор.
Бајден ќе продолжи со дерматолошкиот мониторинг како дел од тековната здравствена заштита, но местото на биопсија е заздравено и не е потребен дополнителен третман, додадел О’Конор.
„Целото канцерогено ткиво беше успешно отстрането. Областа околу местото на биопсијата беше обмислено третирана со електродесикација и киретажа во времето на биопсијата. Не е потребен дополнителен третман“, рекол докторот.
О’Конор, исто така, рече дека типот на карцином земен од градите на претседателот не е од кој било тип што може да се прошири на други делови од телото преку метастази.