Џорџина Родригез критикувана за нејзината облека: „ Ти можеш да го напуштиш селото, но селото никогаш нема да те остави тебе“

Џорџина Родригез секојдневно привлекува внимание со своите објави на Инстаграм каде ја следат над 50 милиони луѓе. Меѓутоа, поради честото фалење на луксузниот начин на живот и скапиот накит и други модни додатоци, таа често е на удар на јавноста.

Ова се случи и со последните фотографии на кои девојката на Кристијано Роналдо позира во јакна од Гучи, фармерки и бели чевли. Во описот таа едноставно напишала: „Среќа“.

„Те молам најди стилист“, „Ти можеш да го напуштиш селото, но селото никогаш нема да те остави тебе“, „Таа е убава жена, но допрва треба да најде свој стил“, „Таа навистина нема смисла за облека“, „Ова изгледа очајно“, се некои од илјадниците коментари под објавата на фотографиите.

Самата Џорџина во своето шоу на Нетфликс призна дека нема стилист бидејќи не ја познаваат и не знаат што сака. „Па што ако сакам да носам луксузен накит и спортски панталони. Така ми се допаѓа”, изјавила тогаш.

Scroll to Top