Македнската кантавторка Дина Јашари ја предаде наградата „Милан Младеновиќ“ на бендот Љубичица кој оваа година е добитник на оваа награда. Со песната „Док чекамо пад“, групата Љубичица стана добитник на наградата Милан Младеновиќ 2023 година, која ја доделува Фондацијата Милан Младеновиќ за најдобра песна во регионот.
„Најгорди сме на она што се случи сега. Ви благодарам на сите. Ова е навистина убаво“, изјавил Вук Стевановиќ, член на групата Љубичица по добивањето на наградата Милан Младеновиќ 2023 година.
Одлуката за доделување на оваа награда на Љубичица ја донесе регионалното стручно жири, кое годинава го сочинуваат Ана Ѓуриќ Констракта (Србија), Бранка Главоњиќ (Србија), Борис Лејнер (Хрватска), Зоран Предин (Словенија) и Марко Шелиќ Марсело (Србија).
Ова е и првпат наградата да се доделува надвор од Белград – во Макарска, Хрватска. Покрај тоа што Макарска е роден град на мајката на Милан, Даница. Милан Младеновиќ бил инспирација и за многу песни, особено за „Сино и зелено“, чиј наслов одлично го опишува амбиентот на нов дводневен музички фестивал кој се одржува на 21 и 22 септември, при што се одржа церемонија по повод доделувањето на наградата Милан Младеновиќ 2023 година. на Макарска, туристичкиот одбор Макарска и Малаколошкиот музеј.
Наградата Милан Младеновиќ има тенденција да го сврти вниманието кон што повеќе таленти, па од година во година наградниот фонд се надополнува. Добитникот на наградата Милан Младеновиќ 2023 година ќе добие парична награда во износ од 3.000 евра, статуетка, како и настап на следниот фестивал Егзит. Благодарение на Рок радио и Митрос мјузик, за прв пат наградата за најинспиративен вокал и беше доделена на Лена Стаменковиќ, која беше суперфиналист со песната „Мали милион“.