Доделувањето на наградите „Еми“ е одложено, поради штрајкот во Холивуд, соопштија од Телевизиската академија на САД и ТВ-мрежата „Фокс“. 75 церемонија првично беше планирана да се одржи на 18 сепмтеври, но поради штрајкот на холивудските сценаристи и глумци кои се уште трае и нивните несогласувања со студијата, истата е презакажана за 15 јануари.
За потсетување, холивудските актери минатиот месец им се придружија на сценаристите кои се без работа од мај, бидејќи преговорите со студијата не успеаја.