Државното училиште за рехабилитација деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ од Скопје, започна кампања под мотото „Донирајте стара хартија – за нова Брајова книга“.
„Донирајте стара хартија – за нова Брајова книга“ е мотото на новата кампања на децата со оштетен вид од скопско училиште


„Целта на акцијата е да собереме стара и неупотреблива хартија (стари книги, учебници, списанија) со цел истата да ја рециклираме и да добиеме нова хартија која ќе ја употребиме за изготвување на учебници на Брајово писмо. Се надеваме дека ќе ни се приклучите во акцијата“, стои во соопштението од училиштето.