Дресот на Мајкл Џордан продаден 10 милиони долари

Дресот на легендарниот НБА-кошаркар Мајкл Џордан е продаден на аукција за рекордни 10,1 милиони долари, соопштија од аукциската куќа „Сотби“ од Њујорк.

Станува збор за дрес на „Чикаго Булс“, кој Џордан го носеше на првиот натпревар во финалето во НБА-лигата против „Јута“ во 1998 година.

За потсетување, Чикаго загуби во продолжение со 88:85, но подоцна ја освои шампионската титула, шеста и последна за Џордан во „Чикаго Булс“.

Претходно, на аукција беше продаден и дресот на легендарниот фудбалер Диего Армандо Марадона, кој го носеше на Светското првенство против Англија во 1986 година. На тој натпревар Мардона го постигна голот со рака, кој подоцна стана познат како божја рака.
Scroll to Top