Двајца актери од серија на „Нетфликс“ загинаа во Мексико

Актерите Рајмундо Гардуно Круз и Хуан Франциско Гонзалес Агилар, од серијата на „Нетфликс“, The Chosen One, загинаа во сообраќајна несреќа во Мексико.

Во несреќата повредени се уште шест лица. Нивните комбиња се превртеле во близина на полуостровот на пустински пат кај Мулеге на полуостровот Долна Калифорнија додека патувале за Санта Росалија, каде се снимала серијата..

Од Министерството за култура на Долна Калифорнија ја потврдиле веста за смртта на Рејмонд Гардун Круз и Хуан Франциско Гонзалес Агилар, пишува „Independent“.

За потсетување The Chosen One е приказна за 12-годишно момче кое дознава дека е предодреден за второто Христово доаѓање. Приказната е заснована на стрип на Марк Милар и уметникот Питер Грос, а екипата започна со снимање во април.

Scroll to Top