Две бини и 12 изведувачи вечерва на „Таксират“

Вечерва во Скопје ќе се одржи главната вечер на на 24-то издание на најголемиот зимски музички фестивал „Таксират“, со осумчасовна концертна прослава и 12 музички изведувачи кои ќе настапат на две бини во Арената „Борис Трајковски“.

Први на главната бина и задолжени за официјалното отворање на ова фестивалско финале ќе настапи македонскиот андерграунд хип-хоп групата „Зад аголот“. Прв пат во Македонија ќе настапи британската трап-џез сензација „Ај-ем-диди-би“ и легендата на светската треш-метал сцена, групата „Содом“ од Германија. Настап ќе имаат и енергичните каталонци „Ла пегатина“, додека, пак, најпопуларниот инди-поп тандем во регионов „Буч кесиди“ доаѓа од Србија со гаранција за најдобрата диско/рокенрол журка на „Таксират“. Полноќниот дел од програмата е резервирана за артистите од електронската музичка сцена и тоа најпрво настапот на еден од најценетите претставници од домашната клупска сцена, диџејот Нино Флудер. За затворањето на фестивалот резервиран е за германскиот техно великан Бен Клок – најголемиот симбол на берлинскиот техно-храм „Бергхаин“ и неприкосновен талент кој повеќе од деценија е меѓу најдобрите и најбараните диџеи и продуценти во светот.

На втората, „Трапсират“ бината, на која паралелно ќе се одвива програмата со најзвучните претставници од домашната и регионалната трап сцена се : Баша, Хиљсон Мандела, Јанг Дади, Принцес Донатсу и Донплеја.

Фото: Фејсбук Пасворд Продукција

 

Scroll to Top