Еден сребрен и два бронзени медала за македонскиот тим на Јуниорската балканска олимпијада по информатика 2022

Македонскиот тим на информатичари составен од учениците Благој Рујаноски Стојановски од Прилеп, Никола Стојковски од Скопје, Дамјан Давков од Штип и Владимир Грчев од Кочани, од Јуниорска балканска олимпијада по информатика 2022 во Романија, се вратија со освоени еден сребрен и два бронзени медала.

На олимпијадата јуниорскиот тим на македонски информатичари беше предводен од лидерите, Владислав Бидиков и д-р Миле Јованов од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

Јуниорска балканска олимпијада по информатика 2022 се одржа со присуство по една година пауза и една година онлајн натпреварување.

Во силната конкуренција сребрениот медал за нашиот тим го освои Благој Рујаноски Стојановски, ученик со штотуку завршено основно образование. Учениците Никола Стојковски и Дамјан Давков од Скопје освоија бронзени медали, а најмладиот учесник од Македонија се врати со олимписка пофалба. До сега, во овие 15 изданија на олимпијадата македонските натпреварувачи имаат освоени 5 сребрени и 24 бронзени медали.

 

Scroll to Top