Еди Рама го исфрлиле од авион затоа што не сакал да стави маска

Премиерот на Албанија, Еди Рама бил исфрлен од авион затоа што не сакал да стави маска, пренесе германски „Шпигел“. Тој направил инцидент во авионот во Франкфурт, кој требало да полета за Детроит.

Персоналот се обидел да ја реши ситуацијата, но откако не успеал, била повикана полиција за да интервенира. Тие мроале да го извадат, откако претходно и пилотот не успеал да го убеди да стави маска. Рама морал да го чека следниот лет за САД.

Откако разговарал со функционер од германското Министерство за надворешни работи, тој се согласил да стави маска и се качил на следниот лет за САД.

Службите размислувале и за парична казна, но Карстен Спор, директорот на Луфтханза, за Der Spiegel речедека не постои стандардна процедура за такви случаи.

Scroll to Top