Еди Шерифовски оствари историска победа за Македонија на Европско првенство во џудо

На Европското сениорско првенство во џудо во Софија, македонскиот репрезентативец Еди Шерифовски го победи Михаил Латишев од Молдавија и ја оствари првата победа за Македонија на ваквите големи натпреварувања.

Шерифовски, кој се натпреварува во категоријата до 81 килограм, во второто коло, после ВАР одлуката, беше дисквалификуван во борбата против Британецот Лахлан Мурхед.

„Прва и историска победа за Македонија на ЕП за сениори. Два доминантни настапи, но судиите решија да ме дисквалификуваат поради ‘забранет’ потег (нуркање на глава) додека го фрлав вториот противник. Ова е добар знак дека сум на добар и ветувачки пат. Сè ќе си дојде на свое место“, напиша Шерифовски на Фејсбук.

Денес на првенството ќе настапи и вториот македонски претставни, Андреј Чакаровски. Тој се натпреварува во категоријата до 90 килограми.

 

Scroll to Top