Елон Маск го врати твитер-профилот на Трамп

Елон Маск, новиот шеф на Твитер, вчера објави дека ќе го врати профилот на Доналд Трамп, забранет на социјалната мрежа по нападот на Капитол Хил во Вашингтон во јануари 2021 година.

„Луѓето го кажа своето. Трамп ќе биде вратен“, напиша Маск на својот профил на Твитер по резултатите од анкетата спроведена меѓу неговите претплатници, кои на голмо гласаа за враќање на републиканскиот политичар на Твитер.

Нешто повеќе од 15 милиони корисници на Твитер гласаа во анкетата, а 51,8 отсто се изјаснија за негово враќање.

По објавата на Маск дека „народот го кажал своето“, на оваа социјална мрежа повторно се појави профилот на Трамп и на него се достапни старите објави на поранешниот американски претседател.

Тој рече  дека ќе се придржува до својата нова платформа Truth Social, апликација развиена од неговата старт-ап компанија Trump Media & Technology Group (TMTG), за која рече дека има подобар ангажман на корисниците од Твитер и дека работи „феноменално добро“.

Трамп го пофали Маск и рече дека отсекогаш му се допаѓал. Но, тој исто така нагласи дека Твитер страда од ботови, лажни профили и дека проблемите со кои се соочува се „неверојатни“.

 

Scroll to Top