Енди Мареј му го предаде мечот на Новак Ѓоковиќ на мастерсот во Мадрид еден час пред почетокот. Ѓоковиќ без борба ќе помине во четврфиналето, затоа што Мареј не е подготвен за игра и поголеми напори, пренесоа медиумите.
Мареј ги победи фаворизираните противници Доминик Тим и Денис Шаповалов, но против Ѓоковиќ не е во состојба да игра. Засега официјалната причина е болест, но детални информации нема. Некои од медиумите шпекулираат дека британскиот тенисер фатил коронавирус во Мадрид.
„Ова е добра, но не е сјајна вест за него. Потребни му се натпревари за да ја врати старата форма и од таа причина можеби е подобро да има некој посилен предизвикувач. Но, нема ни да се жали затоа што ќе има време за одмор, затоа што во 1/4 финалето го чека интересен предизвик“, открива извор близок до Ѓоковиќ..
Нареден противник ќе му биде победникот од натпреварот меѓу Хурберт Хуркач и Душан Лајовиќ. Ако победи Ѓоковиќ и во 1/4 финалето, во 1/2 финалето најверојатно ќе игра со Алкараз или Надал. „Поради тоа не е лошо да ја сочува силата, но сигурно му е жал што не може да игра со стариот добар противник“, открива изворот.