Ева Петровска постави нов национален рекорд во слободно пливање на првенство во Србија

Пливачката Ева Петровска, на отвореното првенство во Белград, Србија, исплива нов национален рекорд во дисциплината 1500 метри слободно.

Новиот рекорд на Петровска е 17:06.42. Таа настапи и во дисциплините 400 и 800 слободно освојувајки три први места во апсолутна конкуренција.

На ова првенство настапија и Павле Стојчески, Јаков Велковски и Стефан Тодоров, постигнувајки одлични резултати.

Scroll to Top