Евровизија ќе се одржи во Обединетото Кралство, а не во Украина, одлучи Европската радиодифузна унија

Европската радиодифузна унија и Би-Би-Си потврдија дека домаќин на Изборот за песна на Евровизија во 2023 година ќе биде Обединетото Кралство на местото на овогодинешниот победник, Украина.

Би-Би-Си ќе ги преземе должностите за домаќин на музичкото натпреварување. Конкурсот за тоа кој град ќе биде домаќин ќе започне оваа недела, а Украина автоматски ќе се квалификува за големото финале заедно со петте земји кои директно се пласираат во финале, Франција, Германија, Италија, Шпанија и Обединетото Кралство.

Претставници на УА: ПБЦ ќе работат со Би-Би-Си за да развијат украински елементи, како и логото што ќе ги рефлектира уникатните околности кое ќе биде откриено подоцна.

Во соопштението за печатот на ЕБУ , беше објавено дека оваа одлука е донесена по истражувањето за домаќин на натпреварот во Украина, и за жал беше заклучено дека од безбедносни одржувањето на Евровизија во Украина не е можно.

Како резултат на тие дискусии, Би-Би-Си, како второпласирана на Натпреварот во 2022 година, беше поканета од ЕБУ да биде домаќин на 67. Избор за песна на Евровизија.

Scroll to Top