Федерер објави дека оди во пензија

Светскиот тенисер Роже Федерер објави дека заминува во пензија. Освојувачот на 20 гренд слем титули, рече ќе се повлече по настапот на Купот Лејвер во Лондон кој ќе почне на 23 септември.

„Последните пораки од моето тело беа јасни. Одиграв повеќе од 1.500 мечеви за 24 години. Сега мора да си признам дека ова е крај на мојата натпреварувачка кариера. Тенисот е мојата љубов и никогаш нема да го напуштам“, напиша Федерер на „Твитер“.

Швајцарецот паузираше од тениските терени од претходниот Вимблдон минатата година, кога го оперираше коленото. Во последните три години имаше три операции на коленото, а објасни дека во наредниот период ќе мора да направи уште неколку.

Во последните две години поради повредите се појави само на 11 гренд слем турнири.

„Ќе ми недостигаат турнирите, но во исто време има и за што да славам. Имав талент за тенис и играв на ниво како што не сум можел да замислам“, рече Федерер.

Своето професионално деби го имаше во 1998 на 16 години. Првата гренд слем титула ја освои на Вимблдон во 2003, а последниот, 20. гренд слем триумф го оствари на Отвореното првенство на Австралија во 2018. На 1-то место на АТП-листата се искачи во 2004 и таму остана 310 недели.

Федерер ќе се прости во друштвото на Ѓоковиќ, Надал и Мареј, неговите најголеми ривали во кариерата.

Scroll to Top