Федерер последниот меч во кариерата ќе го одигра со Надал

Роже Федерер последниот натпревар во кариерата ќе го одогра со неговиот најголем ривал Рафаел Надал. Швајцарецот потврди дека ќе се пензионира по Купот Лејвер во Лондон, каде што ќе игра само еден меч во двојки.

„Ќе биде прекрасно да се игра заедно со Надал. Не знам дали ќе можам, но ќе пробам. Без разлика колкупати сме играле еден против друг, секогаш постоела меѓусебна почит“, изјави Федерер.

Тенисерот не е во можност да игра во поединечна конкуренција поради проблемите со коленото.

Федерер нема играно од поразот во четвртфиналето на минатогодишниот Вимблдон, по кој беше на три операции на коленото.

Федерер и Надал се сретнаа 40 пати во кариерата, меѓу кои се и девет гренд слем финалиња.

Scroll to Top