Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер место со луксузна јахта, каде најчесто се познатите спортисти во лето, се превезуваше од остров на остров со траект.
Легендарниот тенисер е на одмор во Грција и закрепнува од повреда, пред да се врати на теренот. Така, во последните неколку дена тој беше на островот Парос со семејството. Како и сите други туристи ја користел редовната траектна линија за превоз од остров до остров.
View this post on Instagram
На палубата на траекто, не остана незабележан, а многу туристи со чудење реагирале оти еден од најдобрите тенисери на светот трпеливо чека да премине на другиот брег и да плати билет од десет евра како и сите други, а не да изнајмуваа и купува скапи пловни објекти.
„Кога ќе помислам дека луѓето патуваат низ целиот свет и чекаат бескрајно во редици на билетарницата само за да те видат. Доволно беше да платиш 11,80 евра за да се качиш на нормален траект од Антипарос што оди до Парос за десет минути. Незаборавен ден, нè остави без зборови, единствен кралу“ – изјави еден од туристите и тениските фанови кои беа на траектот во истиот момент со Федерер.







