Проектот Семеен фудбал за фер-плеј (FFF-P) ја заврши својата пилот-фаза, обединувајќи деца и родители во Србија, Турција и Северна Македонија преку игра, фер-плеј и заеднички вредности.
Во текот на 15 месеци, децата на возраст од 7 до 11 години и нивните родители тренираа, играа пријателски натпревари и учествуваа во активности во заедницата, водејќи се од шесте столбови на фер-плејот: интегритет, толеранција, решавање конфликти, фер третман, почитување и емпатија. Резултатите се охрабрувачки – помалку конфликти на терен, подобра комуникација во семејствата и посилен дух на заедништво во клубовите.
Следната етапа е меѓународен настан и конференција во Србија, каде најуспешните учесници ќе ги споделат своите постигнувања и ќе покажат како спортот може да гради заедници засновани на почит и солидарност.
Проектот, координиран од Српската минифудбал асоцијација во партнерство со Каргенч клуб (Турција) и ФКВС (Северна Македонија), е дел од програмата Erasmus+ Sport и преку тренинзи, семејно учество и едукативни алатки нуди поинклузивна и поздравa спортска култура.
Покрај тренинзите и натпреварите, проектот создаде и креативни едукативни алатки, меѓу кои анимирани кратки филмови и документарен филм, за да се споделат методите и резултатите со училиштата, спортските клубови и заедниците низ цела Европа.
Текстот Фер-плејот почнува дома: „Семеен фудбал за фер-плеј“ ја заврши пилот фазата е превземен од МАКФАКС.