Феро инвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

Феро инвест учествуваше на конференцијата и саемот за производители и изведувачи на хидроелектрани, кој се одржа во Куала Лумпур и кој на едно место собра 65 светски познати енергетски компании, чијашто примарна цел се хидроелектраните, од: САД, Обединетото Кралство, Кина, Јапонија, Германија, Франција, Норвешка, Италија, Швајцарија, Австрија, Холандија Турција, Индија, Австралија и други земји.

Тодор Анѓушев, директор на фирмите ЕМС и „Мали хидро електрани“, во рамките на Феро инвест и Филип Андрески, директор за развој во групацијата,  ги запознаа посетителите на саемот  со можностите на Феро инвест како партнер во изведувањето на енергетски проекти, прикажувајќи го портфолиото од реализирани над 120 електрани, од кои над 60 се поврзани директно со мали хидроелектрани.

Инвеститорите од Азија покажаа голем интерес за соработка на идни енергетски проекти во тој регион на светот.

Феро Инвест еденствен кај нас овозможува целосна услуга за реализација на електрични централи од обновливи извори, почнувајќи од проектирање, изведба, пуштање во употреба, управување, одржување, надзор на електраните и откупување на произведената електрична енергија.

Компанијата во моментов управува со околу 50 централи од обновливи извори, сопствени или на клиенти, во кои има мали хидро електрани, фотоволтаични електрани и електрани на био гас, со вкупна инсталирана моќност од над 55 MW.

 

Scroll to Top