Филмот „Брилијантин“ ќе добие нова телевизиска верзија

Оливија Њутн и Џон Траволта многумина сè уште ги поврзуваат со филмската класика „Брилијантин“, чии омилени музички нумери се слушаат и денес.

Сенди (Њутн-Џон) и Дени (Траволта) ќе се појават, во новата телевизиска верзија, пишува „Дејли Меил“.

Новиот „Брилијантин“ ќе се занимава со теми како сексуална ориентација, родово изразување и расен идентитет, а на омилените мелодии ќе им се придружат и некои нови.

Учениците од гимназијата Рајдел ќе вклучуваат ЛГБТ студенти на пример, Синтија ќе ја глуми Ари Нотартомазо, трансродова личност

„Сите ние сме производ на времето во кое живееме, но навистина е нешто посебно да се биде во можност да се раскаже приказната за тоа како можеше да биде во текот на 1950-тите“, вели Ари Нотартомазо.

Grease: Rise of the Pink Ladies ќе биде сместен во 1954 година и му претходи на оригиналниот филм, фокусирајќи се на основањето на женска група.

Ќе се фокусира на четири девојки кои ќе се соочат со пречки за да формираат музички квартет.

Најавено е дека третата епизода ќе се занимава со дискриминација во училиштето.

Приказната е раскажана преку искуствата на срамежливата црна девојка Хејзел и Латина Џејн.

 

Scroll to Top